Администрација-сервис на граѓаните или слуга на власта

Лоша, неефикасна, партизирана – овие епитети веќе години наназад ја красат македонската администрација. Практиката да се ставаат свои луѓе на одговорни позиции мора да престане.

Несоодветната и партизирана администарција е најподложна на притисоци,што доведува и до корупција во општеството. Универзитетскиот професор Борче Давитковски смета дека 6 месеци пред и по избори не треба да има нови вработувања, ниту пак унапредувања во јавната администарција.

Партизацијата на администарцијата оди на штета на државата – смета првиот антикорупционер Илми Селами.

„Целта е политичарите да не бидат сопственици на работните места во јавната администрација, туку сопственици да бидат способните кадри. Во Македонија, говорат извештаите кои доаѓаат од ЕК, јавната администрација во значителен дел е политизирана и партизирана“, изјави Селами.

Учесниците на дебатата во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата се согласија дека треба да се создаде администрација која ќе биде сервис на граѓаните, а не на владејачката гарнитура.

Leave a Reply