Скопје ќе добие градска плажа

Градската плажа ќе со отвори во недела . На неа има место за 80 посетители и ќе биде отворена од 10 – 23 часот. Посетителите ќе ги забавува и музиката на познати ди-џеи ангажирани од страна на сопствениците на четирите кафе барови кои добија дозвола од Град Скопје за поставување на шанкови на плажата.
Сопствениците на кафулињата нема да платат никаква кирија на општина Центар за нивното поставување на шанковите, иако општина Центар инвестираше 6 милиони денари за изградба на плажата.
Посетителите ќе можат само да се сончаат на песок донесен од брегот на Албанија. Можност за капење во водите на Вардар ќе имаат по 6 години, откако ќе се постават пречистителни станици, изјави денеска градоначалникот Коце Трајанов.
„Оваа плажа е наменета за сончање, наменета е за рекреација, за уживање и за одмор. Слично како што има во многу градови низ Европа, сакаме да направиме нешто во Скопје што го нема, нешто што ќе го врати стариот сјај на Скопје, а воедно да бидеме слични со оние кои имаат такви плажи“, изјави Трајанов

Leave a Reply