Archive for јуни, 2010

презентација

сабота, јуни 19th, 2010
Fotografija

View more webinars from gossi.

prezentacijatatatatatatatatatatata

сабота, јуни 19th, 2010

Prezentaciiijahhh

сабота, јуни 19th, 2010
Fotografija

View more webinars from Elidalyd.

prezentacija

сабота, јуни 19th, 2010

Prezentacija

сабота, јуни 19th, 2010

тест презентација

сабота, јуни 19th, 2010

Prezentacija

сабота, јуни 19th, 2010

What’s cookin boss :P

сабота, јуни 19th, 2010

Безжично сурфање низ поплавено Огњанци

петок, јуни 18th, 2010

Скопското село Огњанци е едно од 680-те „среќните добитници“ на владиниот бесплатен бежичен интернет. Жителите на селото не му гледаат на подарениот коњ во заби, меѓутоа велат дека ќе беа посреќни доколку прво им се „паднеше“ водоводна и канализациска мрежа и посилна електрична енергија.

„Се давиме во вода од поплавите. Нивите ни се поплавени и непристапни со трактор и не ни можеме да работиме. Училиштето не е оградено, а околу него има канал, па и летно и зимно време стравуваме дека децата може да паднат во каналите со нечиста вода“, вели еден од селаните.

Сурфањето на интернет е одмор од сурфањето на водата од поплавите.

Чиста вода за пиење имаат оние со сопствени пупми за вода. Останатите се принудени да „веслаат“ со велосипедите до селската чешма и потоа да ги пренесуваат шишињата со вода до дома. „Дури ни водата за пиење не ни е целосно чиста, мириса на тиња“, коментираат. Водовод нема, иако биле донесени потребните делови и цевки од пред 4 години.

Токму ова Огњанци е дел од проектот на Министерството за информатичко општество за намалување на дигиталниот јаз во државата преку поставување интернет-киосци кои зрачат бесплатен бежичен интернет. Во првите 30 дена од проектот се поставени 150 интернет – киосци, а останатите е предвидено да бидат инсталирани во следните 90 дена. Во следните четири години жителите ќе може да го користат безжичниот Интернет бесплатно, дали преку киоскот или преку сопствените компјутери, бидејќи сигналот зрачи на 250 метри, а потоа тој останува во сопственост на комерцијалните оператори што ќе стопанисуваат со киосците на економска основа.

Бежичниот интернет не е поприоритетен од водата за пиење

Како што информираше министерот Иво Ивановски главната цел на овој проект е постепено елиминирање на маргинализацијата на руралните средини во споредба со урбаните. Посматрајќи ги децата кои се туркаа пред интернет киоскот, десетмина селани од Огњанци, застанати на страна, забележуваат дека интернетот нема да ги приближи толку до урбаната средина колку што тоа може да го направат почестите автобуски линии. Од скоро им се разретчени редовните авттобуски линии, па сега се среќни ако начекаат автобус на 2 часа. Освен главниот пат што води до училиштето, сите други патчиња во селото се правливи, неасфалтирани. „Само голтаме прашина. Ќе рече некој село, почист воздух, но ние не можеме ни да седиме да уживаме во двор поради прашината“, велат селаните.

Ни електричната енергија не е силна страна на селото. Иако има две трафостаници, струја постојано снемува, па вечерните прошетки се заменети со седење дома во длабок мрак.

Можеби сега со бежичниот интернет додека низ прозорецот го гледаат темното село, жителите на Огњанци ќе може да размислуваат за европска идинина каде ќе ги продаваат своите земјоделски производи преку интернет, токму како што се надева и министерот. Меѓутоа, засега нема да им падне лошо, конечно, да добијат пивка вода, која нема да мириса на тиња.



Република Македонија евидентира 65 жртви на трговија со луѓе

четврток, јуни 17th, 2010

Присилени на проституција и работа, македонските жртви и оние кои биле пренесувани од Албанија, Бугарија и Косово, завршувале во земјите низ Европа.

Од аспект на почитување на човековите права, НВО Отворена порта во Тетово одржа трибина за јакнење на капацитетите за справување со трговијата со луѓе.

Во рамките на Отворена Порта егзистира прифатилиште за згрижување на жртви на трговија со луѓе, макeдонски државјанки, девојчиња кои се тргувани во Македонија и надвор од неа. Од отворањето во 2005 година до денеска бројката е 65 асистриани жртви на трговија со луѓе“, изјави Ирина Николоска, претседател на Отворена Порта.

Во годинешниот извештај на американската влада, Македонија се наведува како земја на трансфер и крајна дестинација на жени и деца присилени на проституција и работа. Се најде за една категорија подолу од лани, во листата на земји кои целосно не се придржуваат до минималните стандарди. Како причина за тоа се наведуваат неефикасното судство и недоволната соработка помеѓу владата и невладиниот сектор.

Извештајот е реалност од нашите сознанија на терен и ги поддржуваме препораките каде што се вели дека властите треба заеднички да делуваат со невладиниот сектор во борбата со трговијата на луѓе и поактивна работа на правосудните органи,в односно судиите и обвинителството во решавањето на овие случаи. Во 2009 година нема покренато ниедно обвинение за трговија со луѓе“, вели Николоска.

На средбата со локалната самоуправа Отворена порта ги презентираше начините за справување на трговијата со луѓе. Активностите на оваа невладина организација се насочени кон пренесување на Националните акциони планови на локално ниво. Проектот за спречување на оваа негативна појава ќе опфати 10 општини и е поддржан и од страна на Европската Комисија.