Книжевна манифестација во Чифте Амам

Во просториите на Чифте Амам, при  Националната галерија на Македонија вечерва со почеток од 19 часот ќе се  одржи книжевна манифестација во организација на Здружението на независни писатели на Македонија и редакцијата на српското списание “Сараевски тетратки”.

амам во старата скопска чаршија

Станува збор за проект насловен “Дваесет години по војната” кој стартуваше во 2010 во Сараево. По серија одржани тркалезни маси низ повеќе земји во регионов, предвидено е овој проект да заврши во Скопје. Главната идеја на средбата е зајакнување на културната и интелектуална размена помеѓу земјите во регионот. Целта е  поттикнување дијалог на културни и политички прашања кои се од заеднички интерес.

Фокусот ќе биде  ставен на принципите на соработка, добрососедтски односи и создавање заеднички културни и книжевни вредности. Во рамки на манифестацијата ќе се изврши промоција на најновиот двоброј на списанието Сараевски тетратки(29/30), веб сајтот, како и ЦДто кое вклучува архива од 25 000 објавени страници книжевни текстови  на повеќе од 500 автори од регионов, вклучувајќи ги и македонските. Во склоп на манифестацијата има подготвено и специјална програма, музичко мени со евергрин звуци во духот на темата на најновиот број “Носталгија и меланхолија”.  “Сараевски  тетратки”, чиј издавач е Медиа Центарот од Сараево, е регионално списание за литература, културни и општествени прашања.

Група истакнати писатели, книжевни критичари и преведувачи од Сараево го формираат “Сараевски тетратки” во 2000година. Со  оваа средба ќе биде овозможено да се воспостават нови мостови на книжевна коуникација кои беа насилно прекинати со војните и осамостојувањето на земјите во бивша Југославија. Списанието ги поврзува и писателите што сеуште живеат во прогонство низ светот, а кои пишуваат на своите матични јазици.      објект од 15ти век во Скопје

Манифестацијата е подржана од мрежната програма “Исток-Исток-Прекугранични партнерства на фондацијата Институт отворено општество Македонија”, како и од Националната  галерија на Македонија  “Чифте Амам”.

Tags: , , ,

Leave a Reply