Белградски „Легенди“ осмомартовски подарок за скопјани

Популарната белградска група „Легенде” од Белград, која оваа година слави јубилеј, 25 години постоење и успешна работа, на светскиот Ден на жената, 8. март, на сите дами  во Скопје им подаруваат солистички концерт во Универзална сала.

Почнувајќи од 1988 година до денес групата „Легенде“ во својата 25-годишна кариера има објавено 17 музички албуми.

Нивни најпознати хитови се „Ако ме питаш“, „Еј младости“, „Ночас“.

Групата ја сочинуваат Иван Миљковиќ (вокал), Зоран Дашиќ (композитор, гитара), Лазар Марин (гитара), Перо Крзнаниќ (бас), Желимир Васиќ (тапани) и Предраг Стојковиќ (клавијатури).

Организатор на концертот се Влатко и Силви Плевнеш со поддршка на Српскиот културен центар „Спона“.

Почетокот на концертот е во 20 часот , а влезниците за концертот по цена од 600 денари, и можат да се купат во Југотон, цвеќара Розе Веро 2 и билетарата на Универзална.

Leave a Reply