Миранда Кер ја имитира Анџелина Џоли во реклама за ладен чај (Видео)

Трендот на позирање со разголена десна нога кој на доделувањето на Оскарите го лансираше Анџелина Џоли се прошири со неверојатна брзина, а Миранда Кер го адаптираше за реклама која ја сними за јапонскиот пазар.

Миранда им пее на Јапонците

Миранда Кер рекламира „Липтон“ чај за јапонскиот пазар

Убавата Австралијка глуми секси келнерка која промовира „Липтон“ ладен чај и позира со разголена десна нога, баш како Анџелина Џоли минатата недела на доделување на Оскарите.

Освен што е облечена во мини жолт фустан и во провокативна поза, Миранда во оваа реклама и пее, но тоа не го прави баш најуспешно, поради што многумина веќе го исмеаја рекламниот спот.

Tags: , , ,

Leave a Reply