Ѕидот од Долни Сарај ќе се урне во Oхридското Езеро?

Ѕидот што го држи Долни сарај, една од сцените на Охридско лето и омилено место за посета на гостите и Охриѓани, може да се урне во езерото, пренесува порталот „Охридон“.

туристичко место во Охрид

На горниот дел од ѕидот има голема дупка, формирана по отпаѓањето на камени блокови. Ронењето на ѕидот претставува опасност и за минувачите на Мостот на желбите, поради што деновиве беше поставена и предупредувачка табла.

„Знаеме за овој проблем и заради тоа реагиравме. Уште пред три години Заводот и Музеј поднесе проект до Министерството за култура за санација на овој дел. Проектот чини 3 милиони и триста илјади денари. Кога ќе ги добиеме тие средства за да ја започнеме санацијата не зависи од нас, туку од финансиските можности на министерството “ изјави директорката на завод и музеј Тања Паскали-Бунташеска.

 

Tags: ,

Leave a Reply