Им веруваат на управителите, а не на соседите

Обука по електронски медиуми

Расте бројот на граѓани што ангажираат управители на згради, па и оние што назначиле заедница на станари, се одлучуваат да се префрлат на управител на згради. Над 212 згради досега имаат ангажирано управители. Граѓаните сé почесто ангажираат некое надворешно лице како управител на зградата, наместо заедница на сопственици, каде што тоа ќе го прави некој од соседите.

Станарите се растрчани да го фатат крајниот рок, 1 април, за регистрирање управител, а во канцелариите на овие фирми може да се забележат редици од заинтересирани граѓани. Досега над 212 згради имаат ангажирано управители за згради.

Вкупните месечни трошоци за станарите изнесуваат од 400 до 500 денари за стан, во зависност колку станови има зградата, дали има лифт и други детали.

Во последно време сé повеќе се зголемува бројот на фирми што ангажираат управители на згради. Тие се попрактични, бидејки самите ги бркаат сите работи, ги организираат станарите, па затоа граѓаните се одлучуваат на тој чекор. Дури оние што регистирале заедница на станари се одлучуваат да се префрлат на управувач на згради. Исто така, сé повеќе се назначуваат и инспектори од страна на општините, кои ќе ги контролираат заедниците. Нивната работа е да утврдат дали има заедница на станари, да ги пријават во судот оние што немаат, да вршат контроли и да казнуваат – изјави Душко Кадиевски претседател на Регулаторната комисија за домување.

Општината Аеродром има назначено инспектор за домување, кој ќе почне со инспекциски надзор откако ќе заврши законската постапка за соодветното овластување, односно по добивање на службена легитимација во согласност со законските и подзаконските акти. Општините Кисела Вода и Гази Баба сé уште немаат назначено инспектор за домување, но планираат во следниот период тоа да го направат.

Во согласност со законските одредби, доколку во станбената зграда не е определен управител или не е регистрирана заедница на сопственици до 1 април, станарите ќе мора да платат казна во износ од 300 евра.

Leave a Reply