
ЗНМ
Здружението на новинарите на Македонија и Владата се договорија надоместокот за нематеријална штета да биде од две до 15 илјади евра. Во истовреме тие постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата. (more…)
ЗНМ
Здружението на новинарите на Македонија и Владата се договорија надоместокот за нематеријална штета да биде од две до 15 илјади евра. Во истовреме тие постигнаа договор за декриминализација на клеветата и навредата. (more…)
СДСМ уште пред две години поставила прашање колку Владата им должи на фирмите, но владата одбивала да каже.
„Бидејќи Владата цело време тврди дека навреме си ги плаќа обврските и дека нема долгови, ја повикавме редовно да објавува на интернет страницата на Министерството за финансии дали и колку им должи на фирмите. И тоа одбија да го направат“, изјави на прес конференција Зоран Јовановски потпретседател на СДСМ.
Според него, меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај го потврдил она што СДСМ го зборувал веќе две години.
„ММФ јасно кажа дека Владата доцни со плаќањето на своите обврски и доцни со повратот на ДДВ. ММФ јасно кажа дека има бројни укажувања на бизнисмените за доцнење на Владата со плаќањето, што значи дека неплатениот долг на Владата може да е и поголем износ“, изјави Јовановски.
Тој се повика на извештајот на ММФ дека минатата година Владата не платила навреме повеќе од 7 милиони евра на странска фирма од која е купен дел од медицинската опрема.
„Тоа е платено оваа година, но со камата за доцнењето. Многу е лесно така, премиерот да се фали со опремата, а сите граѓани да ја платат каматата за неговото доцнење со плаќањето.
Проблемот со долгот на државата кон фирмите е еден од најголемите проблеми на македонската економија. Колкав е точно тој долг ќе знаеме после промената на власта. Тогаш ќе се види дека приказните на Владата дека сé си плаќала навреме и во целост се само приказни за мали деца. Тогаш и ММФ и Светска банка и сите други ќе имаат многу поинакво видување за периодот на владеење на Груевски“, рече Јовановски.
Наслов на делото од Роланд е лиценцирано под лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Сподели 2.5 Македонија .
Власта ја одзеде дозволата за работа на А2 Телевизија. (more…)
Логото на телевизија А2
ССНМ изрази згрозеност од веста за одземањето на концесијата на ТВ А2 токму во период на консолидација на телевизијата која понуди можност за повторно вработување на одреден број новинари што останаа без редовни примања по затворањето на ТВ А1. (more…)
Европа поради должничката криза станува непресметлив ризик за светската економија, стои во најновата прогноза на Светска банка. На земјите во подем им се препорачуваат мерки против кризата. (more…)
Порта Македонија
Пред неколку дена, Министерството за култура склучи договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи за објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим“ во вредност од 146 илјади евра.
Со враќање уште назад се покажува дека цената на речиси секој објект што се гради, со анекс-договорите за непредвидени и дополнителни работи, опрема, ентериер итн., значително се зголемила.
Антикорупциските експерти предупредуваат дека на овој начин се нарушува принципот на конкурентност при јавните набавки.
Наслов на делото од Srle1 е лиценцирано под Creative Commons Attribution-NonCommercial 3.0 Unported License.
Бранко Црвенковски
Нарекувајќи го главен скопски архитект, врховен командант и главен уредник на медиумите, Црвенковски од Груевски побара да се одважи на неговиот повик за телевизиско соочување.
„Нека излезе и нека каже што ќе правиме. А тој, тој збори како било пред 10 или 20 години. Господине Груевски, ве чека долга и тешка битка. И затоа уште сега да ги расчистиме некои работи. Да најдеме решение за добро на граѓаните, како да им ги ублажиме болките и маките. Тоа го чека народот од нас, но ако сакате да говорите за минатото, па да го симнеме прашањето од дневен ред. Осмели се, одважи се, прифати еден ТВ дуел со мене”, рече Црвенковски во неделата пред велешани.
„Каде и да одевме ни рекоа дека вака лошо досега не било. И навистина, Македонија денес е земја на сиромашни, исплашени и излажани граѓани”, рече Црвенковски.
Опозициската партија на синоќешниот митинг го претстави Аце Коцевски како свој кандидат за градоначалник на Велес на локалните избори во 2013 година.
Наслов на делото од Роланд е лиценцирано под лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Сподели 2.5 Македонија .
Модерното живеење веќе не може да се замисли без комуникацијата преку интернет. Иако лесниот пристап до информации, електронската пошта, новите начини на рекламирање го прават интернетот незаменлив, постојат и негативни страни.
Прокрај големите предности кои ги нуди интернетот постои и темна страна, како на пример „криминалните хакери“. Тие преку нападите на веб страниците, најчесто крадат лични податоци, лозинки, броеви од кредеитни картички. Познавачите на состојбите во Македонија сметаат дека безбедноста на македонските сајтовие е на ниско ниво. За безбедносната на интернет просторот во земјава, зборува Ѓоко Крстиќ, основач на Зиро Сајнс Лаб – лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност во Македонија:
„Сајтовите во Македонија скоро секој ден се пенетрирани од страна на злонамерни напаѓачи. Разликата е во тоа, колку се свесни самите сопственици или администратори на тие сајтови. Пред една година направивме истражување и дојдовме до податоци кои ни покажаа дека скоро 99% од сите веб страници во Македонија се ранливи на еден од најопасните напади – ХСС.“
„Во Македонија има честа појава на хакирање на интернет страници и тоа најчесто од хакерски групи од Косово, Албанија и Грција и најчесто овие хакирања имаат политичка позадина“, вели Гоце Ѓорѓиоски, инженер по информациски технологии од интернет страницата Хакер, која се занимава со компјутерска сигурност.
Обичните напаѓачи напаѓаат од разонода или куриозитет, за разлика од „криминалните хакери“ кои се многу поопасни, вели Ѓоко Крстиќ:
„Најчесто се напаѓани оние сајтови од кои криминалците имаат некоја корист. А таквите ги има многу. На пр. сајтови кои работат со база на лични податоци во која се наоѓаат повеќе вредни информации како на пр. веб страниците на банките, е-продавниците, владините организации, актуелните сервис компании, едукациските организации и т.н.“
Гоце Ѓорѓиоски истакнува дека многу мал е бројот на интернет страници во РМ кои се добро заштитени:
„Тоа се обично страниците на поголемите компании. Останатите реагираат откако нивната страница ќе биде нападната, тие реагираат и ја заштитуваат, но најчесто ја крпат само ранливоста што била искористена за нападот. Ова во полето на компјутерската сигурност се нарекува пасивна сигурност, што е лоша практика.“
Доколку врз некоја интернет страница се изврши напад, нејзиното опоравување може да трае од неколку минути до неколку дена. Во Македонија казните за сајбер криминалот, во зависност од штетата, можат да бидат парични и затворски во времетраење од три до десет години:
Крстиќ вели дека во Македонија засега судењата за сајбер криминал минуваат со благи казни:
„Состојбата за санкционирање не е за фалење. Поради тенкото познавање на безбедносната технологија, малиот број на безбедносни експерти и неефикасното користење на заштитни механизми и мониторинг, сопствениците на сајтовите дури не се ни свесни дека нивниот сајт е компромитиран веќе подолго време. Но, доколку се крене аларм за навлегување, постои процес за пријавување кај надлежните органи, со собирање на дигитални докази, анализирање и превземање соодветни мерки според нашиот закон за сајбер криминал. За жал, Законот засега не е премногу видлив!“
Гоце Ѓорѓиоски истакнува:
“Скоро сите напади кај нас остануваат неказнети, поради тоа што напаѓачите се најчесто од друга држава, што бара посебна ангажираност од МВР.“
Добри и лоши хакери
Меѓу професионалците во компјутерската технологија хакирањето значи збир на вештини изнаења за проширување на капацитетите на компјутерските системи. Оние кои ја завземаат темната страна на хакирањето се нарекуваат „кракери“ или злобни напаѓачи. Со зголемувањето на компјутерските напади називот „хакер“ добива негативна конотација. Денес хакерите се поделени на две страни: етички хакери и криминални хакери.
Етичките хакери користат исти техники како и злобните, но нивната улога е да тестираат безбедност на компјутерски мрежи и со дозвола на сопствениците да ги заштитат од секаков вид на закани.
„Етичкиот хакер има за цел, по секоја цена да изврши пенетрациско тестирање, да ја тестира безбедноста на продуктот (веб сајт, мрежа, систем, апликација) со помош на безбедносни алатки и техники, да пронајде ранливости пред злонамерните напаѓачи.Да креира детален извештај за пронајдените ранливости и нивно решение изацврстување“, вели Ѓоко Крстиќ.
Гоце Ѓорѓиоски истакнува дека бројот на организации кои се занимаваат со етичко хакирање во Македонија е прмел:
„Јас знам само две фирми кои посериозно се занимаваат со сигурност, додека останатите кои тврдат дека се замимаваат со оваа проблематика, немаат доволно добар и обучен кадар.“
За тоа колкав е бројот на криминалните напади во сајбер просторот во Македонија, побаравме податоци и од Министерството за внатрешни работи, но оттаму не добивме одговор.
Интернет просторот во Македонија е небезбеден од Владимир Калински е лиценцирано под Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Based on a work at test.kauza.mk.
Хорхе Васкез
Македонија ја привршува децентрализацијата, сопствените приходи на општините покриваат речиси една третина од вкупните расходи.