Новинарскиот синдикат згрозен од затворањето на А2

Логото на телевизија А2

ССНМ изрази згрозеност од веста за одземањето на концесијата на ТВ А2 токму во период на консолидација на телевизијата која понуди можност за повторно вработување на одреден број новинари што останаа без редовни примања по затворањето на ТВ А1.

„Особен револт предизвикува цинизмот во образложението на Советот за Радиодифузија за одземањето на правото на зрачење поради „непочитување на програмската шема“. Во услови кога на македонскиот медиумски пазар се кршат правилата на СРД по сите основи и тоа секојдневно, броењето на проценти на забавната програма е хипокризија која ниту се обидува да биде сокриена“, се вели во реакцијата на новинарскиот синдикат.

ССНМ наведува дека „коинциденцијата“ на датумот на седницата на која е донесена одлуката за одземањето на концесијата на ТВ А2 со договорот за декриминализација на клеветата нема да ја намали тежината на одуката со која бројни новинари повторно се соочуваат со невработеност. Синдикатот сесомнева дека станува збор за селективна примена на законите за пресметка со критичкото новинарство.

Со тоа само се потврдува продолжувањето на трендот кој ја доведува Македонија на дното на листата земји според слободата на изразувањето и социјалните права на медиумските работници, наведува синдикатот.

Tags: , , , , , ,

Leave a Reply