Дискриминација кон Роми на гранични премини

На актерка Емра Куртишова властите не ѝ дозволиле да отпатува кај сестра ѝ во Германија, со изговор дека ги нема потребните документи. Таа вели дека е вратена од граница, оти е Ромка.

Зошто имам пасош, кога не смеам да излезам од државава, прашува младата актерка Емра Куртишова, вработена во Театарот за деца и младинци, откако властите не ѝ дозволиле да отпатува кај сестра ѝ во Германија. Иако ги имала потребните документи за патување, како потврда од работа, гарантно писмо дека сестра ѝ финансиски ќе ја издржува и 500 евра во кеш, вработениот на пасошка контрола на аеродромот Александар Велики проценил дека таа не може да отпатува.

Од МВР велат дека таа не ги исполнувала формалните услови, па затоа била вратена, односно со себе не носела доволно пари за временскиот период и немала гарантно писмо. Од таму велат дека таа, како и секој граѓанин, може да упати претставка во внатрешната контрола на МВР, која ќе биде разгледана.

Изјава на Емра Куртишова

Leave a Reply