„Младите од Ресен за подобро општество”

Почитувани,

 

Младински образовен форум Ве поканува на настанот ,,Поглед преку очите на младите ресенчани“ организиран во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој ќе се одржи на плоштадот Маршал Тито во Ресен на 3-ти јули 2014 година со почеток од 19 часот.

 

Еднодневниот настан „Поглед преку очите на младите ресенчани“  има за цел:

  • Да им прикаже на засегнатите страни како младите во Општина Ресен го гледаат градот и како би сакале тој да изгледа за да ги задоволи секојдневните нивни потреби
  • Подобрување, односно интензивирање на комуникацијата меѓу младите и јавните институции во насока на остварување на правата на младите
  • Покренување на дебата за проблемите на младите во Ресен
  • Простор за слободно изразување и поминување на слободното време на младите во Ресен

Во таа насока, настанот ќе содржи изложба на фотографиите кои ги подготви младинскиот тим и отворено кино. Изложбата ќе биде во центарот на градот каде ќе имаат можност да ја посетат граѓаните на општина Ресен. Во рамките на отвореното кино, посетителите ќе имаат можност да гледаат кратки видео клипови со пораки за здрава животна средина, младински активизам и видео клип кој ќе биде подготвен од страна на младинскиот  тим.

 

Организаторите ќе бидат достапни за прашања пред и по настаните. Поканети се новинари, фотографи и сниматели.

 

 

Со почит,

Младински образовен форум

 

Лица за контакт

Бојана Низамовска, 078 455 048 bojana_nizamovska@mof.org.mk

Зизо Љамковски, 078 625 966 ljamkovski@yahoo.com

Александра јосифовска, 078 466 377 sashka_re@tahoo.com

 

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со четири граѓански организации: Младински образовен форум, Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор – Истражување во акција.

 

Leave a Reply