Маја Сталеска. Потврдено присуство на грипот А(Х1Н1) кај уште 6 лица.

Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје, докажано е присуство на вирусот уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип . Се работи за мажи на 38 и 70 годишна возраст, од кои едниот има воспаление на белите дробови и уште веднаш по приемот е приклучен на апарат за дишење.

-Овој болен од грип кај нас е хоспитализиран пред два дена кога веќе се развиле компликации од болеста, а симптомите му се појавиле пред 4 – 5 дена, a состојбата во меѓувреме не се смирила – вели д-р Сања.

g_grip-nova-slika

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје истакна дека од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Инфективната клиника е потврдено само инфлуенца А. Досега има 13 позитивни лица со вирус на грип.

Веќе неколку пати е спомнато од Светската здравствената организација дека зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемски грип, изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство. Двајца од пациентите се борат за животот. – Маринковиќ, инфектолот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

 

Leave a Reply