Нови случаи заболени од грип од типот А(H1N1) и А(H3N2) Maja Marijonka

Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје, уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип докажано е присуство на вирусот.

– Веќе неколку пати е спомнато од Светската здравствената организација дека веќе зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемски грип. -изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.

Двајца од пациентите се борат за животот. Се работи за мажи на 38 и 70 годишна возраст, од кои едниот има воспаление на белите дробови и уште веднаш по приемот е приклучен на апарат за дишење.- Овој болен од грип кај нас е хоспитализиран пред два дена и кога веќе се развиле компликации од болеста, а симптомите му се појавиле пред 4 – 5 дена, но состојбата во меѓувреме не се смирила – вели д-р Сања Маринковиќ, инфектолот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Клиника за инфективни болести - Скопје

Клиника за инфективни болести – Скопје

Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје истакна дека од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Инфективната клиника е потврдено само инфлуенца А. Досега има 13 позитивни лица со вирус на грип.

Вирус A (H1N1)

Вирус на грип од типот A (H1N1)

Leave a Reply