Русија ќе забрани палење цигара на јавни места!

Од следната година за пушење на јавни места ќе се изрекуваат казни во висина од три илјади рубли. Ова е најновата иницијатива на Државната дума. Амандманите во Законот за административни прекршоци, со кои се предвидени овие казни, можат да бидат прифатени во текот на следниве месеци.1

Големината на казната ќе се движи од 1.5 до 3 илјади рубли поточно од 2250 до 4500 денари. Основата за определување на висината на казната што ќе ја изрече полицаецот, ќе зависи од тежината на прекршокот.

Казните што ќе се применуваат во Русија не се максимални во светската практика. Во Сингапур за нарушување на овој закон би платиле од 5 до 12 илјади рубли, а во Обединетите Арапски Емирати две илјади.

Поднаслов

Во Европа, пак, законите за пушачите се многу построги. Така, во Германија или во Велика Британија за палење цигара на јавно место паричникот може да ви биде олеснет и за 1000 евра. Доколку во Италија ви се припуши во ресторан, таквото задоволство ќе ве чини 200 евра, плус дополнителни 2000 евра казна за сопственикот на локалот.

Leave a Reply