Archive for the ‘Интернет’ Category

Свинскиот грип зема замав – Џезире, Кораб и Феџри

четврток, мај 14th, 2015

Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје, уште кај девет пациенти кои беа сомнителни на грип докажано е присуство на вирусот. (more…)

Власта ја затвори А2

среда, јуни 13th, 2012
А2 Телевизија

А2 Телевизија

Власта ја одзеде дозволата за работа на А2 Телевизија. (more…)

Новинарскиот синдикат згрозен од затворањето на А2

среда, јуни 13th, 2012

Логото на телевизија А2

ССНМ изрази згрозеност од веста за одземањето на концесијата на ТВ А2 токму во период на консолидација на телевизијата која понуди можност за повторно вработување на одреден број новинари што останаа без редовни примања по затворањето на ТВ А1. (more…)

Интернет просторот во Македонија е небезбеден

понеделник, јуни 11th, 2012
Проба
Компјутерска безбедност

Модерното живеење веќе не може да се замисли без комуникацијата преку интернет. Иако лесниот пристап до информации, електронската пошта, новите начини на рекламирање го прават интернетот незаменлив, постојат и негативни страни.

Прокрај големите предности кои ги нуди интернетот постои и темна страна, како на пример „криминалните хакери“. Тие преку нападите на веб страниците, најчесто крадат лични податоци, лозинки, броеви од кредеитни картички. Познавачите на состојбите во Македонија сметаат дека безбедноста на македонските сајтовие е на ниско ниво. За безбедносната на интернет просторот во земјава, зборува Ѓоко Крстиќ, основач на Зиро Сајнс Лаб – лабораторија за истражување и развој на информациска безбедност во Македонија:

„Сајтовите во Македонија скоро секој ден се пенетрирани од страна на злонамерни напаѓачи. Разликата е во тоа, колку се свесни самите сопственици или администратори на тие сајтови. Пред една година направивме истражување и дојдовме до податоци кои ни покажаа дека скоро 99% од сите веб страници во Македонија се ранливи на еден од најопасните напади – ХСС.“

„Во Македонија има честа појава на хакирање на интернет страници и тоа најчесто од хакерски групи од Косово, Албанија и Грција и најчесто овие хакирања имаат политичка позадина“, вели Гоце Ѓорѓиоски, инженер по информациски технологии од интернет страницата Хакер, која се занимава со компјутерска сигурност.

Пасивна сигурност

Обичните напаѓачи напаѓаат од разонода или куриозитет, за разлика од „криминалните хакери“ кои се многу поопасни, вели Ѓоко Крстиќ:

„Најчесто се напаѓани оние сајтови од кои криминалците имаат некоја корист. А таквите ги има многу. На пр. сајтови кои работат со база на лични податоци во која се наоѓаат повеќе вредни информации како на пр. веб страниците на банките, е-продавниците, владините организации, актуелните сервис компании, едукациските организации и т.н.“

Гоце Ѓорѓиоски истакнува дека многу мал е бројот на интернет страници во РМ кои се добро заштитени:

„Тоа се обично страниците на поголемите компании. Останатите реагираат откако нивната страница ќе биде нападната, тие реагираат и ја заштитуваат, но најчесто ја крпат само ранливоста што била искористена за нападот. Ова во полето на компјутерската сигурност се нарекува пасивна сигурност, што е лоша практика.“

Нападите остануваат неказнети

Доколку врз некоја интернет страница се изврши напад, нејзиното опоравување може да трае од неколку минути до неколку дена. Во Македонија казните за сајбер криминалот, во зависност од штетата, можат да бидат парични и затворски во времетраење од три до десет години:

Крстиќ вели дека во Македонија засега судењата за сајбер криминал минуваат со благи казни:

„Состојбата за санкционирање не е за фалење. Поради тенкото познавање на безбедносната технологија, малиот број на безбедносни експерти и неефикасното користење на заштитни механизми и мониторинг, сопствениците на сајтовите дури не се ни свесни дека нивниот сајт е компромитиран веќе подолго време. Но, доколку се крене аларм за навлегување, постои процес за пријавување кај надлежните органи, со собирање на дигитални докази, анализирање и превземање соодветни мерки според нашиот закон за сајбер криминал. За жал, Законот засега не е премногу видлив!“

Гоце Ѓорѓиоски истакнува:

“Скоро сите напади кај нас остануваат неказнети, поради тоа што напаѓачите се најчесто од друга држава, што бара посебна ангажираност од МВР.“

Добри и лоши хакери

Меѓу професионалците во компјутерската технологија хакирањето значи збир на вештини изнаења за проширување на капацитетите на компјутерските системи. Оние кои ја завземаат темната страна на хакирањето се нарекуваат „кракери“ или злобни напаѓачи. Со зголемувањето на компјутерските напади називот „хакер“ добива негативна конотација. Денес хакерите се поделени на две страни: етички хакери и криминални хакери.

Етичките хакери користат исти техники како и злобните, но нивната улога е да тестираат безбедност на компјутерски мрежи и со дозвола на сопствениците да ги заштитат од секаков вид на закани.

„Етичкиот хакер има за цел, по секоја цена да изврши пенетрациско тестирање, да ја тестира безбедноста на продуктот (веб сајт, мрежа, систем, апликација) со помош на безбедносни алатки и техники, да пронајде ранливости пред злонамерните напаѓачи.Да креира детален извештај за пронајдените ранливости и нивно решение изацврстување“, вели Ѓоко Крстиќ.

Гоце Ѓорѓиоски истакнува дека бројот на организации кои се занимаваат со етичко хакирање во Македонија е прмел:

„Јас знам само две фирми кои посериозно се занимаваат со сигурност, додека останатите кои тврдат дека се замимаваат со оваа проблематика, немаат доволно добар и обучен кадар.“

За тоа колкав е бројот на криминалните напади во сајбер просторот во Македонија, побаравме податоци и од Министерството за внатрешни работи, но оттаму не добивме одговор.

Creative Commons License
Интернет просторот во Македонија е небезбеден од Владимир Калински е лиценцирано под Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 3.0 Unported License.
Based on a work at test.kauza.mk.

Наслов

понеделник, јуни 11th, 2012

Здружението на новинари на Македонија денеска во 12 часот организира протест пред Основниот суд 1 во Скопје со кој ќе се побара од судовите поефикасна примена на судската пракса од Стразбур, сѐ додека не се најде соодветно решение за Декриминализацијата на клеветата: (more…)

Македонија на 132 место според Светскиот индекс на донирање

понеделник, јуни 11th, 2012
Насловна страница од анализата на Конект

Насловна страница од анализата на Конект

Македонија падна на 132 место според Светскиот индекс на донирање во 2011 година, со што се најде за 41 место подолу во споредба со 2010 година. Индексот го прикажува филантропското расположение на физичките лица и според него македонските граѓани најмногу им помагаат на непознати, помалку донираат финансиски средства, а најмалку се расположени за волонтирање.

 

Според експертите, даночните поттикнувања предвидени во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности кои треба да стимулираат зголемено донирање од страна на физичките лица, во пракса се нефункционални и најголемиот број граѓани воопшто не ги користат. Ако се има предвид дека граѓаните сметаат дека даночните олеснувања се важен мотив за донирање, за да се поттикнат приватните донации неопходни се измени на постојното законско решение.

“Еден од клучните проблеми во Законот е сложената процедура според која може да се реализира даночното олеснување. Тоа укажува на недостаток на доверба во концептот на приватното донирање кое законот мора да го поттикнува“, смета извршната директорка на Конект, Никица Кусиникова. Според неа “потребно е законот целосно да се измени, да се поедностави постапката, а фокусот на контрола за користење на донациите наместо на донаторите, како досега, да се стави на корисниците на донираните средства и добра. На тој начин ќе се овозможи значително зголемување на бројот на донации во културата, спортот и воопшто областите од јавен интерес“.

(more…)

Најбрзиот робот е гепард

среда, март 7th, 2012

Истражувачка агенција на американското министерство за одбрана, го претстави најбрзиот робот кој за движење користи нозе.

Роботот Cheetah (гепард), постигнува брзина од 29 километри на час. Брзината пак е далеку пониска од нормалната брзина на животното, кое достигнува до 120 километри. Сепак, за робот, е импресивно.

Cheetah е дизајниран да имитира движење на вистински животни. Според научниците од Бостон, може да ја постигне и брзината на гепардот, но за тоа ќе им биде потребно уште време.

Интимно со Суперхикс

сабота, февруари 19th, 2011

Скопскиот ска бенд Суперхикс овој викенд ќе одржат концерт во клубот Колосеум,по повод 17 годишнина од својата прва свирка. Како гости се најавуваат ДЏ Славе и ДЏ Геторуди,а како предгрупа ќе настапи бендот Новиот Почеток.

TUKA TREBA DA IMA SLIKA AMA MI POKAZUVA HTTP ERROR CELO VREME:)

Фронтменот на групата,Петар Младеновски на прес конференцијата изјави дека нивниот настап ќе биде последен за оваа година,по што членовите на бендот ќе се фокусираат на нивни соло проекти. Исто така, тој додаде дека се чувствуваат многу возбудени што прават голем концерт по толку долг период.

Последната голема свирка на хикси беше во 2004година,а се одржа на Скопскиот саем.

На оваа ″интимна свирка″,бендот ќе го промовира новиот спот за песната Positive vibrations, кои ја снимија заедно со јамајканскиот реге музичар Damien Marley, син на познатиот реге изведувач Bob Marley.

За оваа соработка, Младеновски кажа: ″Дамјан е многу креативен и инспиративен музичар. Беше голема привилегија да се соработува една од најголемите реге ѕвезди на денешницата″.

Бендот ќе ги изведе своите најголеми хитови од изминатите 17 години, сублимирани во албумите ЧЕКАЈ БЕ ВИКАМ… КАДЕ БЕ, МАЛКУ!,TRUMANOT,LIVE AT SKOPSKI SAEМ и последниот И СЕГА ШТО?

суперхикс настап

настап на суперхикс на кале

Картите за концертот може да се најдат можат да се најдат во Југотон, Розе Веро 2, Тобако 1 и 2. Цената на билетите е 300 денари,и 400денари на денот на концертот.Во продажба има вкупно 1500 влезници.

Студентска мобилност-реалност или илузија во Македонија?

сабота, февруари 19th, 2011

Училница65% од студентите не се запознаени со програмите за размена     Басилеус, Ерасмус, или JoinSEE. Останатите 35 % најчесто информациите ги добиваат од свое сопствено истражување, наместо од академскиот кадар или оние задолжени за промоција на програмите. Најаголем дел од испитаниците одговориле дека на размена се дојдени / отидени  помеѓу 0 и 3 студенти. (цело истражување)

Овие статистички наоди укажуваат дека македонските факултети потфрлаат во реализација на еден од главните стожери на Болоњскиот процес, мобилноста. Очигледен проблем е пристапот до информации за програмите за мобилност, кои се на располагање.

Целта на овој концепт, кој е воведен во 1999, со потпишување на Болоњската декларација, е да овозможи доостручување и развој на вештини кај студентите преку работа во нова, мултикултурна средина. Последица на овој процес би бил и  развој на компетативност помегу високо образовните институции, во привлекување на на просперитетните студенти. ( Болоњска декларација)

Очигледно македонските ВОИ не се придржуваат до обврските преземени со Декларацијата. Невклучувањето во современите текови, непристапување кон модернизација на ВО, затворање во сопствената средина, единствено ќе им наштети на студентите. Ке се намали нивната конкурентност на пазарот, и вредноста на сопствената диплома.

ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ, ЛУКСУЗ ЗА ЗАПАДНИТЕ СТУДЕНТИ!

сабота, февруари 19th, 2011
протести во лондон

кордон во лондон студенти и полиција

Универзитетските студенти во западните земји со високо развиени образовни институции се соочуваат со зголемување на трошоците за студирање. Трендот за намалување на јавното трошење не ги отскокна ни јавните универзитети. Ова го потврди извештајот на Higher Education Strategy Associates (HESA). Ефектите од намалувањето на образовните буџети веќе ескалираше со насилста по улиците на Лондон.

Според Алекс Блум претседателот на HESA, високото образование се врти према приватниот сектор што истото го прави луксуз за нормалните луѓе. За разлика од развиените земји во извештајот е наведено дека земјите во развој со слични образовни системи како Кина, Индија и Бразил направиле огромен напредок кон зголемување на пристапот кон високото образование.

Во извештајот ја нема Македонија, но сепак според нашите надлежни институции велат дека ситуацијата е повеќе од подобрена, бројот на студенти е зголемен, а трошоците намалени. Сепак според други експерти, велат дека зголемувањето на капацитетите на универзитетите е обратно пропорционално од квалитетот.