Archive for the ‘Интернет’ Category

Скопје ја доби својата највисока зграда

сабота, февруари 19th, 2011

После Берлин, Париз и Виена и нашата метропола ја доби својата највисока зграда. Таа е инспирирана од архитектурата на метрополите низ Европа и низ светот, а е финансирана од Владата на Република Македонија. Зградата е изградена од  најстручниот тим од Македонија и од Италија чија соработка ветува многу.

”  Сместена во центарот на Скопје веднаш до споменикот на Александар Македонски , највисоката зграда сведочи за желбата за движење кон нова ера на архитектурата во Македонија и кон креирање на ново школа за млади архитекти кои што ќе се стремат кон уште поголеми достигнувања од нашите. Зборовите кои што ја опишуваат оваа зграда се модерно и урбано, токму тоа што му треба на нашиот град.” – вели една од архитектите Сандра Живкович.

најголемата зграда во Скопје- сместена во центарот на Скопје

Најголемата зграда во Скопје- дел од Скопје 2014

Тимот кој работи на овој голем проект е составен од 5 архитекти од Македонија кој своето образование го заврши на високо квалификувани факултети за архитектура и дизајн во Холандија, Франција, Италија и Австрија. Мотивот за градење на оваа зграда тие го најдоа во проектот Скопје 2014, на  кој сметаат дека му фали  ваков модерен елемент.

“На Скопје како метропола навистина му е потребно нешто кое што ќе го приближи чекор понапред до европските културни и архитектонски достигнувања кои ќе сведочат за успешноста на македонските архитекти. Токму затоа ние одлучивме да ја вметнеме оваа зграда во проектот Скопје 2014 и таа ќе биде финансирана од истиот тој буџет. ” – вели градоначалникот на Скопје. Овој тим понатаму  ќе му претстави на Скопје уште неколку свои големи проект  кои што ќе докажаат дека се навистина одличен тим.

Подостарен, сјаен, Оскар полни 83 години!

сабота, февруари 19th, 2011

Tема: Ди Каприо

Секогаш гламурозно, секое ново издание претставува нов предизвик за познатите фаци од Холивуд, да се промовираат на црвениот тепих. Но акцентот од страна на фановите е ставен на едно име, Леонардо Ди Каприо. Изработувајќи 2 блокбастери како “Shutter Island” и “Inception” во 2010 година, прашањето е дали конечно Ди Каприо ќе го освои својот Оскар?

Номинации (конкуренција за Лео):

Номинациите секогаш добро измерени, анализирани, простудирани…сепак најзвучен во номинациите покрај Лео, Марк Волберг со неговиот “The Fighter”. Повеќе од две децении на филмското платно, зад името на Ди Каприо стојат проекти како “Titanic”, “The Beach” “Blood Diomond” и ред други…сепак чичко Оскар сеуште не се сместил во неговата колекција. Останатите номинирани актери без посебно медиумско внимание, Џејмс Франко (“127 Hours”), Хавиер Бардем (“Biutiful”) и Џеф Бриџис (“True Grit”).

Што би било доколку не би било?

Прашањето за Ди Каприо, лесно: “Формата е привремена, класата останува засекогаш, доколку моите филмови се добро прифатени и запаметени, Ди Каприо ќе се памти исто како и името Џек Николсон”.

Mraz – мелем за ушите

сабота, февруари 19th, 2011

Еден од најквалитетните артисти на денешницата според мене кои ги има сите карактеристики на музичар во вистинска смисла на зборот е Jason Mraz. Има неверојатно карактеристичен глас, што дури во живо подобро звучи отколку на снимка. Уште покарактеристичен е неговиот начин на пеење и начинот на изведба, а знае да направи преубава  свирка со само акустична гитара и конги заедно со неговиот соработник Toca. Музиката која ја свири е комбинација од поп, reggae, jazz и country и успешно прави тој спој да звучи модерно и забавно. Исто така, познат е по неговите уникатни и невообичаени текстови, а играта на зборови му е заштитен знак. Едноставно зрачи со позитивност и среќа и преку своите песни успева да го пренесе тоа на своите слушатели и обожаватели.

Jason Mraz

Jason Mraz

Има издадено 3 студиски албуми и 2 албуми од концерти, од кои топло ви ги препорачувам I’m yours, O.Lover, Butterfly, Common Pleasure, Absolutely zero….кога ќе размислам, всушност сите!

Jason Mraz

Jason Mraz

Безжично сурфање низ поплавено Огњанци

петок, јуни 18th, 2010

Скопското село Огњанци е едно од 680-те „среќните добитници“ на владиниот бесплатен бежичен интернет. Жителите на селото не му гледаат на подарениот коњ во заби, меѓутоа велат дека ќе беа посреќни доколку прво им се „паднеше“ водоводна и канализациска мрежа и посилна електрична енергија.

„Се давиме во вода од поплавите. Нивите ни се поплавени и непристапни со трактор и не ни можеме да работиме. Училиштето не е оградено, а околу него има канал, па и летно и зимно време стравуваме дека децата може да паднат во каналите со нечиста вода“, вели еден од селаните.

Сурфањето на интернет е одмор од сурфањето на водата од поплавите.

Чиста вода за пиење имаат оние со сопствени пупми за вода. Останатите се принудени да „веслаат“ со велосипедите до селската чешма и потоа да ги пренесуваат шишињата со вода до дома. „Дури ни водата за пиење не ни е целосно чиста, мириса на тиња“, коментираат. Водовод нема, иако биле донесени потребните делови и цевки од пред 4 години.

Токму ова Огњанци е дел од проектот на Министерството за информатичко општество за намалување на дигиталниот јаз во државата преку поставување интернет-киосци кои зрачат бесплатен бежичен интернет. Во првите 30 дена од проектот се поставени 150 интернет – киосци, а останатите е предвидено да бидат инсталирани во следните 90 дена. Во следните четири години жителите ќе може да го користат безжичниот Интернет бесплатно, дали преку киоскот или преку сопствените компјутери, бидејќи сигналот зрачи на 250 метри, а потоа тој останува во сопственост на комерцијалните оператори што ќе стопанисуваат со киосците на економска основа.

Бежичниот интернет не е поприоритетен од водата за пиење

Како што информираше министерот Иво Ивановски главната цел на овој проект е постепено елиминирање на маргинализацијата на руралните средини во споредба со урбаните. Посматрајќи ги децата кои се туркаа пред интернет киоскот, десетмина селани од Огњанци, застанати на страна, забележуваат дека интернетот нема да ги приближи толку до урбаната средина колку што тоа може да го направат почестите автобуски линии. Од скоро им се разретчени редовните авттобуски линии, па сега се среќни ако начекаат автобус на 2 часа. Освен главниот пат што води до училиштето, сите други патчиња во селото се правливи, неасфалтирани. „Само голтаме прашина. Ќе рече некој село, почист воздух, но ние не можеме ни да седиме да уживаме во двор поради прашината“, велат селаните.

Ни електричната енергија не е силна страна на селото. Иако има две трафостаници, струја постојано снемува, па вечерните прошетки се заменети со седење дома во длабок мрак.

Можеби сега со бежичниот интернет додека низ прозорецот го гледаат темното село, жителите на Огњанци ќе може да размислуваат за европска идинина каде ќе ги продаваат своите земјоделски производи преку интернет, токму како што се надева и министерот. Меѓутоа, засега нема да им падне лошо, конечно, да добијат пивка вода, која нема да мириса на тиња.