Posts Tagged ‘анекс’

Мали анекси, големи милиони

понеделник, јуни 11th, 2012
Порта Македонија

Порта Македонија

Порта Македонија лапна дополнителни 820 илјади евра. Министерството за култура за оваа сума склучи договор за набавка на занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема и осветлување за објектот. Со тоа, цената на Портата достигнува речиси 5,5 милиони евра, наспроти основниот договор што беше потпишан на речиси 4,4 милиони евра.

Пред неколку дена, Министерството за култура склучи договор за изведување на дополнителни и непредвидени работи за објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим“ во вредност од 146 илјади евра.

Со враќање уште назад се покажува дека цената на речиси секој објект што се гради, со анекс-договорите за непредвидени и дополнителни работи, опрема, ентериер итн., значително се зголемила.

Антикорупциските експерти предупредуваат дека на овој начин се нарушува принципот на конкурентност при јавните набавки.

Creative Commons License
Наслов на делото од Srle1 е лиценцирано под Creative Commons Attribution-NonCommercial 3.0 Unported License.