Posts Tagged ‘Граѓански организации’

Даноците и граѓанските организации – ефекти и како до подобри решенија

понеделник, јуни 11th, 2012

 

Тимот на Проектот Техничка поддршка на граѓанските организации –ТАКСО, организира семинар „Даноците и граѓанските организации – ефекти и како до подобрени решенија“ кој ќе се одржи во Едукативниот центар М6 (Скопска пивара) на 6-ти јуни 2012 од 10:00 до 15:30 часот.

 

Кога е во прашање даночната рамка, граѓанските организации, дури и оние кои работат на теми кои се од јавен интерес, сметаат дека се третирани исто како комерцијалните бизниси. Законот за здруженија и фондации од 2010 година предвидува даночни олеснувања, кои се повисоки за организациите со статус од јавен интерес, но истите не се дефинирани со овој Закон. Следствено потребно е усогласување на даночните закони за овие олеснувања да им бидат достапни на граѓанските организации.

 

Експертот за даночни прашања Славко Лазовски смета дека граѓанските организации како непрофитни, по својата суштина на постоење и цел на дејствување не се оние од кои треба да се побаруваат даноци. Според него и тврдокорните даночници треба да се повлечат пред одредени видови приходи кои ги остваруваат организациите како што се: членарината, донациите, средствата за бесплатна помош во кризни ситуации итн.  Според него решенијата треба да се одвиваат по две линии: според тип на организации кои имаат право на ослободување или олеснување на одреден вид на данок и според вид на приход, односно кој вид на извор на приход ќе биде даночно ослободен.

 

Целта на семинарот е да се дискутира даночната рамка која се однесува на граѓанските организации, нејзината примена во пракса и проблемите кои произлегуваат при тоа, како и можностите за нивно решавање и подобрување. На семинарот ќе се обработат повеќе даноци/закони вклучувајќи данок на добивка, персонален данок на доход, данок на додадена вредност и законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Покрај презентации на овие теми семинарот ќе овозможи прашања и дискусија во врска со истите од страна на учесниците.

Учесници на семинарот ќе бидат финансиски менаџери, сметководители во граѓански организации и претставници од граѓански организации одговорни за финансиското работење, претставници од релевантни институции, експерти и добри познавачи на проблематиката.

 

Даноци

Даноците и граѓанските организации

Проектот финансиран од Европската Унија, Техничка поддршка за граѓанските организации – ТАКСО, е дел од Структурата ИПА за поддршка на граѓанското општество. Спроведувач на проектот е СИПУ интернационал (SIPU International) од Шведска заедно со конзорциум партнери од Босна и Херцеговина, од Турција, од Полска и од Романија. Проектот се спроведува во Западен Балкан и во Турција.

Проектот има за цел да го зајакне граѓанското општество во рамките на партиципативната демократијата, да поттикне поволно опкружување и култура за граѓанското општество, да ги зајакне капацитетите и отчетноста на граѓанските организации и да придонесе да се гарантира квалитетот на услугите на граѓанските организации и нивната одржлива улога во демократските процеси. За спроведување на активностите на национално ниво формирана е национална канцеларија во Скопје.