Posts Tagged ‘хомофобија’

Анастазија-Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата

вторник, мај 20th, 2014

Вчера во ЛГБТИ Центарот за поддршка се одржа настан во чест на Меѓународниот ден против хомофобијата и трасфобијата (IDAHOT).

14213780481_4fcfaa1746_n

 

Настанот започна со говор на Кочо Андоновски, програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка. Во својот говор тој даде краток осврт на значењето на Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата. Биљана Гинова од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ го промовираше Интервентниот Фонд кој има за цел обезбедување помош на припадниците на ЛГБТИ заедницата во трите основни области: домување, правна и медицинска област.

На крајот од вечерта извршната директорка на Хелсиншкиот Комитет им додедли благодарници на сите учесници во кампањата “Македонија има љубов за сите” за придонес во намалувањето на хомофобијата и трансфобијата во Република Македонија.