Posts Tagged ‘Лос Анџелес’

Холивуд домаќин на шеесетиот ол-стар викенд

сабота, февруари 19th, 2011

Лос Анџелес е градот во кој оваа година ќе се одржи шеесетиот по ред ол-стар викенд во кој најдобрите играчи од западната и источната конференција ќе ги одмерат силите.

Ѕвездите на НБА подготвени да понудат спектакл во Стејплс центарот

Стејплс центарот е арената која викендов ќе биде во фокусот на вниманието, каде ќе се одиграат натпреварите помеѓу дебитантите и софморите, како и натпреварите во забивање, шутирање тројки и натпреварот во покажување на вештините. Но, она што сигурно ќе предизвика најголемо внимание е главниот настан, а тоа е натпреварот помеѓу најдобрите кошаркари од западната и источната конференција.

Во најдобрата постава на западната конференција ќе се појави Коби Брајант, најдобриот играч на домашниот тим од Лос Анџелес Лејкерс, кој воедно имаше и најмногу гласови, вкупно 722.682. Покрај него во тимот ќе се најдат Кевин Дурант, Крис Бош, Кармело Ентони и Тим Данкан, кој во последен момент го замени повредениот Јао Минг. Тренер на западната конференција ќе биде Грег Попович.

Наспроти нив, за источната конференција ќе настапи тимот предводен од Док Риверс, во кои главни ѕвезди се бековите на Мајами, Леброн Џејмс и Двејн Вејд. Со нив на паркетот во првата постава ќе играат Дерик Роуз, Амаре Стадемаер и популарниот супермен, Двајт Хауард.

Најголемите кандидати за МВП годинава: Коби Брајант, Двејн Вејд, Крис Пол и Леброн Џејмс

Првите десетемина заедно со плејадата ѕвезди на клупата, ветуваат одличен натпревар, за кои аналитичарите велат дека е еден од најизрамнетите и најдобрите во последните децении во кој тешко дека некој може да предвиди кој ќе излезе како победник. Едно е сигурно, Холивуд и Стејплс центарот ќе се погрижат за незаборавен спектакл и вистинска драма.

Ол-стар мечот ќе се одигра на 20ти февруари во 2 часот по полноќ по македонско време.