Posts Tagged ‘паркизи’

Решавање на паркинг проблемите во Скопје

среда, март 7th, 2012

Џорџ Мајкл

По центарот на метрополата, најдобро пешки! 

 

Сообраќајниот  хаос, недостатокот на соодветни  места за паркирање, последниве две децении станаа  секодневие за граѓаните на Скопје, посебно во центарот на градот.  Во секое ќоше паркирани автомобили, тротоари кои одамна не ја вршат функцијата за која се наменети , вака изгледа еден обичен ден во Скопје.  Најчесто возачите се определуваат нивното возило да го паркираат на првиот слободен тротоар кој ќе го најдат, ризикувајќи на овој начин казна за погрешно паркирање.  Ова создава дополнителен проблем, бидејќи наместо по тротоар граѓаните пешачат по коловоз. Но дали возачите имаат избор?

„Возачите не се криви. Луѓето мора да застанат некаде за да завршат некоја работа ,тие тука не се паркирани”, изјавува жител одопштина Центар.

„Вистинско мачење за нас шоферите е кога бараме паркинг во центарот на Скопје. Еве јас вртам по три четри круга и накако да најдам место”, вели друг возач.

За да се избегнат гужвите, но и казните за погрешно паркирање од собраќајната полиција, мора да се преземе нешто. Првите катни гаражи се изградија, но за голем град како што е Скопје и тие не се доволни. Грашаните со став, властите да најдат брзо решение за проблемот што ги мачи секој ден.

 

„Мислам дека е време од општина да размислуваат за катна гаража”,

„Нека се најде решение. Катна гаража е едно ако знаат подобро властите нека направат друго”, велат анкетираните возачи.

    

Тротоарите одамна не се тоа што треба да бидат!

Се додека нешто подрастично не се преземе состојбата во центарот на градот ќе биде ваква. Возачите мака ќе мачат да најдат паркинг место, пешаците ќе негодуваат затоа што им е скратен просторот за движење, сообраќајната полиција ќе има полни раце работа, а возачите ќе  плаќаат казни.

<object width=”420″ height=”315″><param name=”movie” value=”http://www.youtube.com/v/nHFdRHZXDy0?version=3&amp;hl=en_US”></param><param name=”allowFullScreen” value=”true”></param><param name=”allowscriptaccess” value=”always”></param><embed src=”http://www.youtube.com/v/nHFdRHZXDy0?version=3&amp;hl=en_US” type=”application/x-shockwave-flash” width=”420″ height=”315″ allowscriptaccess=”always” allowfullscreen=”true”></embed></object>