Posts Tagged ‘заштита на лични податоци’

Одржана тркалезна маса на тема „Приватноста во Македонија“

недела, јуни 20th, 2010

На 04.06.2010 година во просториите на Стопанска комора на Македонија се одржа тркалезна маса на темата „Приватноста во Македонија“ организирана од Фондацијата Метаморфозис.


На тркалезната маса како говорници учествуваа г. Тито Петковски, пратеник и претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собрание на РМ, г-а Валентина Димковска од Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ, д-р Јован Јовчески, Универзитет Американски колеџ, Скопје и г. Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.

Претставникот од Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ, г-а Валентин Димковска пренесе дека како независен државен орган агенцијата е засегната од овој предлог-закон и дека во мислењето кое го доставиле до Собранието и на 16.03 и на 03.06.2010. посочуваат дека треба да се вградат и одредби со цел усогласување со Директивата 2009/136/ЕК, како и препорака за примена на минималниот рок за задржување податоци, како што е најчеста пракса во ЕУ. Таа напомена дека сите закони во кои се работи за заштита на лични податоци, пред да влезат во процедура треба да се консултира ДЗЛП.

д-р Јован Јовчески заклучи дека „не постои законска можност овој закон да се доведе во пристојна форма“ и затоа е подобро целосно да се повлече и Владата да си даде време да предложи целосно нов текст, во согласност со обврските на Македонија како земја-кандидат во ЕУ.

Како долгогодишен работник во ова поле, д-р Јован Јовчески истакна дека премногу е оптимистички да се очекува дека власта нема да направи промени во законот и дека нема да остави место да се интервенира на него. Образложи дека секоја власт има желба да го држи монополот на информации, но и дека ваквиот закон нема да пројде во Европа и пред судот во Стразбур. Набројувајќи ги многубројните недостатоци на предлогот, д-р Јовчески заклучи дека „не постои законска можност овој закон да се доведе во пристојна форма“ и затоа е подобро целосно да се повлече и Владата да си даде време да предложи целосно нов текст, во согласност со постојните законски норми, меѓународните договори и обврските на Македонија како земја-кандидат во ЕУ.

Претставникот на Метаморфозис Филип Стојановски накратко го претстави нацрт-извештајот за приватноста на интернет во 2009 година, поканувајќи ги присутните да придонесат во негово дополнување. Според извештајот, законската рамка за заштита добро поставена со Законот за заштита на лични податоци се загрозува со нетранспарентни измени во други закони, а на македонскиот веб во премала мерка се применуваат добри практики и политики за приватност , што резултира со ниско ниво на доверба кај корисниците. Дополнително, тој го изложи ставот на Метаморфозис дека предложените промени на ЗЕК се неуставни и недемократски.